Day 1 of the workshop - Thursday, October 15, 2015
Prof. Ognen Marina, coordinator of OIKONET Partner Faculty
of Architecture in Skopje has introduced the concept, idea and the activities
of the OIKONET Network in front of the workshop participants. Than he the gave
a comprehensive presentation of the urban development of Skopje in last hundred
years through insight of urban plans and the processes that shape the city.
The first day of the workshop ended with the visit to the
scenic Old Bazaar area in Skopje
The first day of the OIKONET participatory action between
the residents of Municipality of Ilinden at the brinks of Skopje has started at
Thursday morning with the worm welcome by Prof. Minas Bakalcev, Dean of the
Faculty of Architecture, University Ss. Cyril and Methodius in Skopje. Prof.
Bakalcev in his greetings to the participants of this workshop has emphasis the
importance of the community participation in the education of students of
architecture and practicing architects. He welcomed the guests-participants
from Faculty of Architecture, University in Belgrade and POLIS University in
Tirana.
Prof. Mirjana Devetakovic from Belgrade presented the
digital platform of the OIKONET Network and the possibilities for work and
exchange of knowledge between OIKONET Partners with an emphasis to the use of
the digital platform for pedagogical activities.
Prof. Mihajlo Zinoski presented the summary of the 1st
session of the workshop held last year and explained in details the 2nd session
of the community participation workshop in Skopje. The objective of this
session is to enable students to create a universal language which should be
both practical and conceptual. Both aspects will be implemented in the final
outcome which will be shaped as a tool set for the enhanced participation of
the local community into shaping of socially sustainable design brought afore
through creation of possible and doable concepts for complex public,
semi-public and private life.
Finally, Joana Dhiamandi and Silvi Jano from Faculty of
planning, environment and urban management, POLIS University in Tirana present
the experience from community participation workshops held in Tirana. It was a
first insight for Skopje workshop participants to the working methodology that
colleagues from POLIS University shared with us.
The second day of the workshop is planned for the visit to
the site and communication with residents and local authorities.
Прв ден од работилницата – четврток, 15-ти октомври, 2015
ОИКОНЕТ
Работилница за граѓанска партицпација во Скопје
Прв ден од работилницата – четврток, 15-ти октомври, 2015
Првиод ден од
ОИКОНЕТ работилницата со граѓаните од општина Илинден која се наоѓа на
периферијата на Скопје започна во четврток наутро со обраќање на Проф. д-р
Минас Бакалчев, Декан на Архитектонски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и
Методиј“ во Скопје. Професор Бакалчев, во своето обраќање до учесниците на
работилницата ја нагласи потребата од граѓанската партиципација во образованието
на студентите по архитектура и професионалните архитекти. Тој ги поздрави
гостите-учесници на работилницата од Архитектонскиот факултет при Универзитетот
во Белград, Србија и од ПОЛИС Универзитетот во Тирана, Албанија.
Проф. д-р Огнен
Марина, координатор на ОИКОНЕТ партнерот Архитектонски факултет, Универзитет
Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје го презентираше пред присутните концептот,
идејата и активностите на ОИКОНЕТ мрежата. Потоа, професорот имаше презентација
за урбаниот развој на Скопје во последните сто години низ увид во
урбанистичките планови и процесите кои го обликувале градот.
Проф. Мирјана
Деветаковиќ од Белградскиот универзитет ја презентираше дигиталната платформа на
ОИКОНЕТ мрежата и можностите за работа и размена на знаења помеѓу ОИКОНЕТ партнерите
со нагласок на користењето на дигиталната платформа за педагошки активности.
Доц. д-р Мијало
Зиноски го презентираше краткиот преглед на првата сесија на работилницата,
одржана минатата година и детално ја објасни втората сесија на работилницата со
граѓанска партиципација во Скопје. Целта на оваа сесија е да им овозможи на
студентите да создадат универзален јазик кој истовремено ќе биде практичен и
теоретски. Овие два аспекти ќе бидат вградени во крајниот резултат од
работилницата кој ќе биде обликуван како збирка од алатки за поддршка на
учеството на локалната заедница во обликувањето на општествено одржливо
проектирање создаден низ возможни и остварливи концепти за комплексен јавен,
полу-јавен и приватен дел од просторот.
Конечно, Јоана
Диаманди и Силви Јано оф Факултетот за планирање, животна средина и урбан
менаџмент од ПОЛИС Универзитетот во Тирана го презентираа своето искуство од
работилницата со граѓанска партицпација која се одржала во Тирана. Тоа беше и
можност за увид на учесниците на работилницата во Скопје во работната
методологија на колегите од ПОЛИС Универзитетот.
Првиот ден од
работилницата заврши со студиска посета на живописната Стара чаршија во Скопје.
Вториот ден на
работилницата беше планиран за посета на локацијата и комуникација и соработка
со жителите и локалната самоуправа.
No hay comentarios:
Publicar un comentario